Блинкен: Путин се обидува да ја изврти историјата!

Ентони Блинкен – државниот секретар на САД изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја „изврти историјата“ во екот на комеморацијата за завршувањето на Втората светска војна „за да ја оправда својата неиспровоцирана и брутална војна против Украина“.

„Додека војната повторно беснее во Европа, ние мора да ја зголемиме нашата решеност да им се спротивставиме на оние кои сега се обидуваат да манипулираат со историската меморија за да ги унапредат сопствените амбиции. Додека го одбележуваме крајот на Втората светска војна во Европа, имаме света должност кон паднатите: да ја кажеме вистината за минатото и да ги поддржиме сите оние во наше време кои се залагаат за слободата“ – рече Блинкен.