Димитар Ковачевски кој е актуелен заменик-министер за „Фокус“ изјави дека ќе се кандидира за лидер на СДСМ откако вчера беше потврдена оставката на Зоран Заев.
„Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател“ – изјавил Ковачевски.
На 12 декември во СДСМ ќе се избира новиот лидер откако Централниот одбор на партијата констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори.
Кандидирањето ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата.