Независно здружение на новинари на Србија: Неприфатливо е искористување на жртвите за лична промоција

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вчера придружуван од голем број новинари, сниматели и фоторепортери, ги посети граѓаните на Северна Македонија кои беа повредени во пожар во дискотека во Кочани и се на лекување во Србија. НУНС најостро ја осудува оваа постапка, која освен што е етички неприфатлива, ги загрозува животите на тешко повредените.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вчера, придружуван од голем број новинари, сниматели и фоторепортери, ги посети згрижените лица кои беа префрлени на лекување кои беа повредени во пожар во дискотека во Кочани. Независното здружение на новинари на Србија упати остри критики за постапката на српскиот претседател,  која освен што е етички неприфатлива, ги загрозува животите на тешко повредените.

„Александар Вучиќ реши да ги искористи жртвите од пожарот за своја промоција. Овој пат заедно со новинарите реши да оди на „визита“ и наместо надлежните во Клиничкиот центар на Србија (КЦС) да ја информира јавноста и семејствата на повредените за нивната здравствена состојба“ стои во соопштението на Независното здружение на новинари на Србија.

Во  посетата учествувале и медиумски работници кои се согласиле а да го придружуваат претседателот. „Злоупотребата и манипулацијата со чувствата на жртвите и нивните најблиски е кршење на новинарската етика. Можеме само да ги претпоставиме сите други можни сериозни здравствени последици на пациенти опасни по живот кои се во строго контролирани услови поради присуството на лица кои не припаѓаат таму.

Независно здружение на новинари на Србија најостро го осудуваоднесување на властите и бара одговорност за загрозување на здравјето на пациентите.

Од здружението го поставуваат прашањето кој ја дозволил посетата и додаваат дека „Јасно е дека никогаш не требало да се побара согласност од пациентот или нивните родители за ваква посета“, а тоа морале да го истакнат и раководителите на Клиничкиот центар Србија“ додаваат НЗНС.

„Режимските таблоиди максимално ја искористија оваа трагедија со наслови кои не можат да се наречат ни „клик-мамка“, а кои се чист пример за најгрубо и најбезмилосно нарушување на достоинството на жртвите. Тоа се медиумите кои добиваат најмногу пари од граѓаните преку кофинансирање проекти, јавни набавки и други форми на донации. Крајно време е да престанат да се наградуваат и затоа ги повикуваме сите кои ги делат парите на сите српски граѓани добро да размислат дали и понатаму ќе го поддржуваат таквото „новинарство“. Дополнително, ги повикуваме приватните огласувачи да внимаваат во кои медиуми се рекламираат, бидејќи одговорното рекламирање е од клучно значење за заштита на угледот и доброто име на поединечни компании“ објаснуваат дополнително од Независното здружение на новинари на Србија.