Во интервју за италијанскиот дневен весник весник „Кориере дела сера”поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск потврди дека побарал средба со рускиот претседател – Владимир Путин во Москва за да се обиде да ја запре војната во Украина. Тој тврди дека се уште не добил никаков одговор.
Папата во интервјуто вели и дека патријархот на Руската православна црква – Кирил, кој, според пишувањата на западни медиуми, ја поддржува војната никако „не може да стане ѓакон на Путин”.