По повеќе од 1 години од безредијата во американскиот Капитол Хил од 6. јануари 2021 година, денеска судот во Вашингтон го осуди првиот од стотината обвинети за напад на службено лице.
Томас Вебстер – пензиониран полицаец од Њујорк кој работел и во обезбедувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг е првиот од околу 150 лица кои се обвинети за напад на полицски службеник. Вебстер имаше и обраќање во самоодбрана пред порота, но судот во Вашингтон пресуди дека тој е виновен под четири точки.
Првата осуда е поради тоа што тој лани на 6. јануари удирал полицаец од Вашингтон со метална рачка од знаме на маринците. Исто така беше осуден за попречување на работата на полицијата, незаконско преминување и агресивно однесување додека носел смртоносно оружје во Капитол.
За Вебстер и за уште тројца обвинети, судијата назначи дата за изрекување на пресудата во септември годинава.