(Видео) Тепачка во српскиот парламент, фрлени димни бомби – пратеничка доживеа мозочен удар

Хаос денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми.

Хаос денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми.

Пратениците фрлаат димни бомби. Салата е полна со чад. Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, која реагира на чадот во салата, рече дека седницата мора да се прекине.

Пратениците меѓусебно се туркаа, удираа, фрлаа вода, а подигнат беше и транспарент на кој пишува „Србија се крева за да падне режимот“.

Во Собранието пристигна министерот за полиција, Ивица Дачиќ.

Според најавите, треба да биде констатирана и оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која ја поднесе на 28 јануари.

Пратеникот на СНС, Миленко Јованов, предложи точката за разрешување на претседателката на собранието, Ана Брнабиќ, да се симне од дневен ред. И покрај негодувањето на опозицијата, владините пратеници го усвоија овој предлог.

„Почитувани пратеници, ова собрание ќе продолжи да работи. Барам пратениците од мнозинството да се вратат во своите фотелји, треба да донесеме закони. Имаме работа, Србија никогаш нема да застане. Седнете и ајде да работиме. Ваква Србија никогаш нема да победи“, рече претседателката на собранието, која, поради димот, се закашла и не можеше да зборува.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ од говорницата изјави и дека на пратеничката Јасмина Обрадовиќ ѝ се слошило и дека итната помош интервенирала откако била изнесена од салата.

„Таа е во критична состојба, имаше мозочен удар и се бори за живот. Таа е во смртна опасност бидејќи ја погоди шок-бомбa“, изјави Брнабиќ.

Станува збор за пратеничка од листата на Александар Вучиќ. Родена е 1961 година и дипломирала економски науки. Пратеничка е од 2012 година.

Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата.

Опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и раширија транспарент на кој пишува „Србија стана за режимот да падне“.

Пратениците од владејачката партија извикуваа „Усташи“ и вееја српски знамиња. Тие фрлаа со шишиња со вода, при што една пратеничка е погодена во глава.

На дневниот ред на седницата беа 62 точки, меѓу кои измени на Законот за високо образование, предлог-законот за станбени кредити за младите и гласање за разрешување на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.