
Српскиот претседател, Александар Вучиќ најави нова Влада во следните 40 дена. Како што вели, новата влада ќе биде целосно фокусирана на економијата и зголемувањето на стапката на раст.
„Верувам дека во следните 30 до 40 дена ситуацијата во земјата ќе биде политички стабилна. Тогаш ќе ни требаат околу шест месеци целосно да се вратиме во форма, во ритамот и на сето она што го имавме до неодамна, бидејќи блокадите и неодговорното однесување ни нанесоа огромни штети во различни сфери на општественото живеење“, рече Вучиќ во разговор со стопанската комора на Србија.