Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

Во Националната опера и балет вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена операта „Кармен“ од Жорж Бизе, кое важи за едно од најпознатите и најпопуларни оперски дела во историјата. Заводливата, Кармен е симбол на независност и страст, но и на трагичниот крај на љубовта што не познава граници.

Во Националната опера и балет вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена операта „Кармен“ од Жорж Бизе, кое важи за едно од најпознатите и најпопуларни оперски дела во историјата. Заводливата, Кармен е симбол на независност и страст, но и на трагичниот крај на љубовта што не познава граници.

Како што соопштија од Националната опера и балет, диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија.

Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе ќе биде гостинот од Кина – тенорот Ѕ-Жао Гуо, а во улогата на Ескамилио Васко Здравков.

Во останатите улоги ќе настапат: Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Невен Силјановски и Кристијан Антовски заедно со хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националнатa опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.

Костимографијата за операта е дело на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Најпознатото дело на Жорж Бизе е операта „Кармен“ од 1875 година. Заснована е на романот (излезен во 1846 година) кој го напишал Проспер Мериме. Операта „Кармен“ веднаш не постигнала успех, а Бизе бил многу разочаран, но за утеха брзо дошла пофалба од неговите колеги композитори како што се Камиј Сен-Санс, Петар Илич Чајковски и Клод Дебиси, кои веднаш ја препознале убавината на ова дело. Во брзо време публиката почнала да го дели истото мислење со овие композитори и „Кармен“ станува една од најпознатите опери во историјата, се наведува во соопштението за операта.