(Видео) Тасева: Ќе успеат оние компании и кадри кои ќе се прилагодат на вештачката интелигенција

„Ќе треба и луѓе да имаат различен сет на знаење, односно ќе се промени описот на работното место. Многу повеќе ќе успеваат компаниите коишто имаат едуцирани луѓе, ќе успеваат индивидуалците коишто знаат ВИ во однос на оние коишто ќе сметаат дека тоа можеби никогаш нема да дојде, но ќе дојде“, вели Тасева и додава дека ВИ не е само технологија туку бизнис трансформација за компаниите, промена на начинот на живот.

„Дали Вештачката интелигенција (ВИ) ќе создаде нов светски хаос не би можела да кажам, но длабоко сум уверена дека прво ќе создаде различна економија од таа што дееска ја познаваме. Порано учевме како да корисиме камера, па имавме курсеви за фотографи, денеска никој не размислува како користи фотографија, сите имаме на мобилниот телефон и на никого не му е тешко да сликне се што сака. ВИ ќе дојде до тоа нив, ќе ја користиме, а веќе ја користиме на начин на којшто многу често и не сме свесни дека ја користиме, но ќе стануваме се посвесни за тоа. Значи ќе стане дел од нашето работење. Ке земам пример со графички дизајнер. Тој порано мораше да знае еден куп апликации, па мораше да има чувство за креативност, за дизајн, желба. Денеска сите ние на некој начин многу полесно да станеме графички дизајнери, не до таа мера како професионалците, но за таа основна дневна потреба доволно е понекогаш да знаеме да го поставиме правилното прашање до ВИ“, вели Валентина Тасева, основач и директорка на Семос Едукација, околу новиот предизвик наречен Вештачка интелигенција и дали како држава ќе успееме да се прилагодиме на новите технолошки изуми.

Прашана за тоа дали со ВИ ќе се загрозат одредени работни места и ќе нема потреба од толку луѓе на една позиција, Тасева вели дека ќе успеваат индивидуалците коишто знаат ВИ во однос на оние коишто ќе сметаат дека тоа можеби никогаш нема да дојде.

„Ќе треба и луѓе да имаат различен сет на знаење, односно ќе се промени описот на работното место. Многу повеќе ќе успеваат компаниите коишто имаат едуцирани луѓе, ќе успеваат индивидуалците коишто знаат ВИ во однос на оние коишто ќе сметаат дека тоа можеби никогаш нема да дојде, но ќе дојде“, вели Тасева и додава дека ВИ не е само технологија туку бизнис трансформација за компаниите, промена на начинот на живот.

„Компаниите, според глобалните истражувања, ќе се соочат со една од четирите фази или веќе се наоѓа во една од четирите фази. Првата фаза е таа во која што компаниите велат нема ВИ, нема нас да ни се случи, тоа е тоа, кога ќе дојде ќе дојде. Во втората фаза компаниите немаат допир но нивните вработени имаат во најмала рака некоја од генеративните ВИ која што ја користат, како на пример Чет ЏиПиТи или Копајлот. Во третата фаза се компаниите каде што веќе се свесни, прават некои чекори и компаниите и вработените и последната е каде што имаат стратегија. Семос едукација е во третата фаза.

За тоа дали се потребни нови етички кодекси за заштита на приватноста и личната безбедност, Тасева вели апсолутно да, и додава дека ЕУ донесе акт со кој длабоко се осврнува на вештините на потребни за користење на ВИ но и на заштитата на податоците.

„ВИ користи податоци, пристапува до податоци, не само компаниски, туку и интерни и екстерни, внатрешни и надворешни“.

На прашањето колку македонските ИТ компании се прилагодени на новите предизвици, Тасева вели дека тие ги следат предизвици и ИТ трендови, иако ВИ е само ИТ тренд.

„Најголем број на корисници и на слушатели денес се бизнис корисниците, луѓето од чевечки ресурси, луѓето од финансии, директорите, но ИТ компаниите се оние коишто ја создаваат. Така што мислам дека Македонија не заостанува. Длабоко верувам во нашето ИТ опкружување и нашата ИТ заедница“, вели Тасева и додава дека ако се спореди со регионот македонската нација дигитално опсименета е напред, а ако се спореди со светот не сме многу назад.

„Како општество треба да се посветиме на дигиталната писменост. Ние природно користиме, но не знаеме правилно да користиме. Тоа е како да знаете англиски, но да знаете зборови, но не и граматика“, изјави Тасева.

Околу нашата поготвеност во насока на дигитализација на администрацијата, Тасева смета дека тука има многу простор за работа.

„Фактот дека нашата администрација веројатно не е дигитално најспремна не се должи само на знаењето, туку се должи и на примената на апликациите, на желбата за развој, на стратегијата и на многу планови коишто се донесени во минатото, а не биле реализирани, но би рекла и на самиот систем на наградување. Општо познат податок е дека платите во државнат администрација, за ИТ луѓето се доволно непривлечни. Јас би ги повикала сите оние луѓе коишто имаат влијание во државната администрација сериозно да размислат и за зголемување на платите, но и за обука внатре во институциите. Има институции кои се сериозно напред, но не и повеќето“, вели Тасева.

Целото интервју со Валентина Тасева, основач и директорка на Семос Едукација погледнете го во видеото.