(Видео) Методијев: Германија ќе се фокусира на решавање на внатрешните проблеми и јакнење на одбранбените капацитети

- Секако една од најважните теми во однос на прашањата од меѓународен план се ставовите односно новите позиции на Америка во однос на Европа. По доаѓањето на Трамп на власт стана јасно дека Европа мора малку повеќе да се погрижи за својата безбедност и затоа Германија ќе треба повеќе да инвестира во својата одбрана. За тоа да може да го направи ќе треба да се промени границата која дозволува задолжување на државата.

„Исходот од изборите покажа дека во Германија е можна влада само со две партии, тоа се ЦДУ и СПД. Велам само со овие две партии заради тоа што ЦДУ претходно повеќе пати исклучи можност за коалицирање со АфД, која што всушност по сила е втората партија во државата. Добија малку над 20% од гласовите. Значи петтина од гласачите во Германија гласале за оваа десно-радикална партија, изјави за Трилинг, новинарот Александар Методијев.

Говорејќи за идната соработка помеѓу ЦДУ и СДП, Методијев вели дека новата германска Влада ќе биде исправена пред неколку предизвици како што се миграцијата, економијата и безбедноста, но и како Германија ќе се постави на меѓународен план по доаѓањето на власт на Доналд Трамп.

„Мерц иако повеќе пати велеше дека нема да соработува со оваа партија, сепак на крајот од јануари се случи една промена кога оваа партија во Бундестагот гласаше за еден предлог на партијата ЦДУ за заострување на политиката во однос на мигрантите и миграцијата. Тука ЦДУ доби многу критики и изгуби поени во предизборната кампања.

-Германија по овие избори, по формирањето на нова Влада ќе се концентрира многу повеќе кон себе односно кон внатрешните проблеми и тие не се само миграцијата, тука проблемите се со економијата, безбедноста и повеќе други горчливи теми.

– Секако една од најважните теми во однос на прашањата од меѓународен план се ставовите односно новите позиции на Америка во однос на Европа. По доаѓањето на Трамп на власт стана јасно дека Европа мора малку повеќе да се погрижи за својата безбедност и затоа Германија ќе треба повеќе да инвестира во својата одбрана. За тоа да може да го направи ќе треба да се промени границата која дозволува задолжување на државата.

– За тоа да се направи на новата Влада ќе и треба поддршка и од други партии кои пак се противат на промената на таа граница. Тука спаѓаат левицата и АфД.

Методијев вели дека постои идеја во месецот на истекот на овој мандат на Бундестагот да се донесе таа промена.

„Тука има критики дека граѓаните не гласале за такво нешто. Во изборната кампања не се кажуваше дека тоа ќе се направи и сега се користи мнозинството во стариот парламент, односно во актуелниот парламент за да може да се направи таква промена“, вели Методијев.

-Мерц доби критики во однос на тоа дека во текот на кампањата постојано нагласуваше дека партиите коишто се во актуелната влада не треба да владејат во следната, за откако станаа јасни изборните резултати и дека ќе мора да се прави коалиција со СПД, одеднаш тие се добри и со нив ќе треба да се прават разговори. Му се забележува дека во текот на кампањата имаше многу агресивен тон и бројни напади дојдоа од негова страна кон оваа партија и кон нејзини истакнати личности, за сега одеднаш тоа да се промени и да треба да се седне на маса и да се разговара. Тие бараат како предуслов да го промени тонот, вокабуларот за да може воопшто да се седне да се разговара. Дали ќе се направи влада е неизвесно иако во минатото постоеше во којашто овие две партии коалицираа“, додава Методијев.

Целиот разговор со новинарот Александар Методијев погледнете го во видеото.