Вајс: Жално е да се види колку ви е валкана Македонија!

„Природното наследство што го имате е исклучително и тоа е вашииот најголем капитал. Имате прекрасни реки, но загадени. Со климатските промени доаѓа време кога треба да почнете да ја градите отпорноста за производство на храна во иднина. Храната и водата за пиење ќе бидат двете работи што ќе ја одредуваат иднината. Морам да кажам дека вашите соседи покажуваат подобар напредок околу тоа. Почнете да работите , ИПА фондовите може да помогнат зашто тоа е клучна основа и за економскиот развој“, рече Вајс пред пратениците од Македонија.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, денес на состанокот на Заедничкиот парламентарен комитет на ЕУ и Македонија порача дека имаме напредок во многу области, но не и во справување со отпадот и со загадувањето на водите.

„Жално е да се види колку ви е валкана земјата“, рече Вајс откако кажа дека ги посетил сите национални паркови на Македонија и сите региони со природни убавини, како Маврово, Преспа…

„Природното наследство што го имате е исклучително и тоа е вашииот најголем капитал. Имате прекрасни реки, но загадени. Со климатските промени доаѓа време кога треба да почнете да ја градите отпорноста за производство на храна во иднина. Храната и водата за пиење ќе бидат двете работи што ќе ја одредуваат иднината. Морам да кажам дека вашите соседи покажуваат подобар напредок околу тоа. Почнете да работите , ИПА фондовите може да помогнат зашто тоа е клучна основа и за економскиот развој“, рече Вајс пред пратениците од Македонија.

Тој исто така апелираше политичарите да работат повеќе со невладините организации во земјата бидејќи според него – тие се вреден партнер.

-Невладините можат да бидат непријатни, да бидат нервозни, да бидат незгодни, но треба да работите со нив бидејќи и тие сакаат да го помогнат развојот на земјата. Тие се вредни партнери и можат да дадат огромен важен придонес. Имате загадување на воздухот, на водата, на земјоделското земјиште. Тие не се против економскиот развој туку протиов компромитирањето на животната средина и затоа не ни се непријатели нам, на политичарите“, порача Вајс во време кога почна хајка кај нас во круговите наклонети на власта против „странските платеници“, кои наводно земаат пари за да менуваат режими, а всушност им пречат на политичките и бизнис интереси.

Извор: Независен