Вучиќ на средба со Додик: Пресудата против Додик е насочена против српскиот народ

Александар Вучиќ вечерва изјави дека пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик е првенствено насочена против Република Српска и против српскиот народ во целина. На почетокот на заедничката конференција со Додик во Бања Лука, Вучиќ рече дека денешниот ден не е лесен, и дека всушност е тежок ден за српскиот народ во целина.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик е првенствено насочена против Република Српска и против српскиот народ во целина. На почетокот на заедничката конференција со Додик во Бања Лука, Вучиќ рече дека денешниот ден не е лесен, и дека всушност е тежок ден за српскиот народ во целина.

„Оваа пресуда не го покажува само односот кон Додик, туку првенствено е насочена против Република Српска и против српскиот народ во целина“, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека дошол кај претседателот Додик со две барања. Првиот беше да ги покани на разговори сите политички актери во Босна и Херцеговина, како и претставниците на ЕУ, САД, Русија и Кина.

„Сакам Додик да иницира дијалог и да ја покаже посветеноста на Србија за мир и решавање на проблемите преку дијалог“, рече Вучиќ.

Второто барање се однесуваше на повикот за единство и солидарност во Република Српска, особено за клучните прашања, кои се упатени до Додик, Станивуковиќ и многу други политичари во Република Српска.

„Мојата порака до народот на РС е дека Србија секогаш ќе стои на нивна страна и ќе направи се за да помогне во зачувувањето на мирот. Го молам и претседателот Додик и нашиот народ за мир и дијалог, но Србија секогаш ќе стои покрај Република Српска и нејзиниот народ“, нагласи Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија ќе продолжи да ја поддржува институцијата претседател на Република Српска и Милорад Додик, додавајќи дека Србија секогаш била и ќе остане со Република Српска.

Народно собрание на Република Српска: Судот на БиХ изврши државен удар со пресудата за Додик

Народното собрание на Република Српска (НСРС) вечерва оцени дека Судот на Босна и Херцеговина изврши државен удар и целосно го урна уставниот поредок на БиХ со тоа што донесе првостепена пресуда против претседателот на РС, Милорад Додик, „врз основа на одлука на неизбран странец, Кристијан Шмит, а не врз основа на закон усвоен од Парламентарното собрание на БиХ“.

По дводневна седница, на која се разгледуваше информацијата за „уништувањето на Уставот на БиХ – мерки и задачи за негово зачувување“, парламентот на РС усвои сет заклучоци, предложени од пратеничката група на владејачката коалиција предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).

Парламентот на РС со заклучок ги отфрли и не ги признава одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, а ги прогласи за ништовни сите закони и одлуки на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ, пред сè Високиот судски и обвинителски совет (ВСТС), Обвинителството и Судот на БиХ, како и Агенцијата за истраги и заштита (СИПА).

Собранието побара од Јавното правобранителство на РС да поднесе кривична пријава против сите обвинители од Обвинителството на БиХ и судии од Судот на БиХ, кои постапувале по одлуката на Шмит.

Во заклучоците се осудува постапувањето на Обвинителството на БиХ против пратениците во НСРС, а се најавува и законска забрана за работа на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ на територијата на РС.

Заклучоците стапуваат во сила веднаш, се истакнува во соопштението.