Јаневска: За седум години има 17.000 ученици помалку – бројот на студенти е намален за 7.000

Министерството моментално спроведува и истражување на дипломираните студенти во академската 2022/23 кое би покажало за колку време се вработуваат по дипломирањето, дали се задоволни од примањата и колку стекнатите знаења и вештини се применливи на работното место.

За седум години во има 17.000 ученици помалку, а бројот на студенти е намалеен за 7.000, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Во насока за подобрување на квалитетот на образованието и спречување на емиграција на студентите, Јаневска кажа дека во процес на подготовка е новиот закон за високо образование, кој според неа на студентите ќе им овозможи подобри услови и повеќе бенефиции.

Министерството моментално спроведува и истражување на дипломираните студенти во академската 2022/23 кое би покажало за колку време се вработуваат по дипломирањето, дали се задоволни од примањата и колку стекнатите знаења и вештини се применливи на работното место.

-Една севкупна анализа која ќе ни овозможи понатаму да пристапиме до одредени реформи во образованието, прво покачување на квалитетот во високото образование и модернизирање на студиски програми, рече министерката.