
Албанија се приклучи на операцијата Интерфлекс, програма за обука на украинскиот воен персонал
„Велика Британија и нејзините партнери ќе продолжат да стојат со Украина онолку долго колку што е потребно“, се наведува во објавата.
Албанија стана 13 земја што се приклучи на операцијата Интерфлекс, програма за обука на украинскиот воен персонал со седиште во Обединетото кралство, објавија албанските медиуми повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана на ОК објавено на социјалната мрежа Х.
Покрај Обединетото Кралство, програмата веќе вклучува земји како Косово, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Холандија, Естонија, Литванија и Романија.
„Велика Британија и нејзините партнери ќе продолжат да стојат со Украина онолку долго колку што е потребно“, се наведува во објавата.