Амбасади звонеле во СДСМ зачудени од гласањето на Македонија за резолуциите за Украина

Преставници на странските амбасади во земјата се јавувале вчера во СДСМ за да изразат зачуденост и за да прашаат што стои зад начинот на кој нашата држава гласаше во Обединетите нации, околу резолуциите што се однесуваа на Украина, а на што имаше и реакции во јавноста.

Преставници на странските амбасади во земјата се јавувале вчера во СДСМ за да изразат зачуденост и за да прашаат што стои зад начинот на кој нашата држава гласаше во Обединетите нации, околу резолуциите што се однесуваа на Украина, а на што имаше и реакции во јавноста.

Ова денес на прес конференција го соопшти лидерот на оваа партија, венко Филипче, додавајќи дека во тие јавувања го оцениле потегот на Владата како навистина загрижувачки.

Филипче смета дека Македонија испратила порака дека нејзината надворешна политика е импровизацијаи дека Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што прифати да бидеме коспонзори на американската резолуција, а потоа да гласаме „воздржано“.

Филипче потенцира дека за првпат една македонска Влада што коспонзорира резолуција потоа не гласа за истата. Претседателот на СДСМ тврди дека ќе беше многу помудро да гласевме „за“ двете резолуции и ќе беше стабилна позиција.

-Ако сме целосно усогласени со ЕУ, зошто гласаме спротивно на сите други европски земји? Гласањето за двете резолуции ќе беше наш јасен став за што поскоро завршување на војната во Украина. Зошто Владата одлучи да не стави во друшто на некое африкански земји кои што не делат никакви сличности од нас и притоа се оддалечуваме од сите земји во Европа и нашето соседство, во контекст на гласањето?- праша Филипче на прес-конференција во седиштето на партијата.

Тој воедно и праша која е целта на последната посета на премиерот Христијан Мицкоски во САД и што Владата побарала од новата администрација на Доналд Трамп.

-Многу зборува, а не покажува конкретни резултати, истакна Филипче за досегашното работење на премиерот.