
Здравковски: Ќе донесеме сет економски мерки прифатливи за сите
Во однос на активностите кои ги има предвид Владата, пратеникот посочи дека нема да се прифати замрзнување на цените, и дека Министерството за економија работи на тоа сите засегнати страни да бидат вклучени и да се донесе соодветна прифатлива мерка.
Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски кој зборуваше за стандардот на граѓаните, потрошувачката кошничка притоа ставајќи го во фокусот интересот на граѓаните пред сè во насока на заштита на животниот стандард.
Во однос на активностите кои ги има предвид Владата, пратеникот посочи дека нема да се прифати замрзнување на цените, и дека Министерството за економија работи на тоа сите засегнати страни да бидат вклучени и да се донесе соодветна прифатлива мерка.
„Не прифаќаме замрзнување на цени затоа што после тоа прави бум, дополнително притисокот од синдикатите да речеме и ова што го бара опозицијата со зголемување на минималната плата ќе направи многу голем трошок на стопанствениците производителите за храна за дополнително ги зголемат цените. Пак ќе повторам Министерството за економија во рамки на Владата нормално, има комуникација и е во постојан дијалог со сите засегнати странки мораме да донесеме мерка којашто ќе биде прифатлива за сите“, рече Здравковски.