
Меџити грбот и химната ги стави во пакет – не ја одразувале реалноста
„Очигледно е дека и грбот и химната потекнуваат од комунистичко време и не ја одразуваат баш како што треба реалноста. Химната треба да одрази реалноста и да ги има и другите заедници и да ја чувствуваат сите граѓани како заедничка. Битката била заедничка. Да биде инклузивна и да се чувствуваат сите важни“, изјави Меџити.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во 24 анализа рече дека нема договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на државниот грб.
Според него, иако имало договор во минатото помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски сепак грбот не е сменет.
„Јавна тајна е дека имаше договор потпишан меѓу Ахмети и Груевски за да се смени грбот но сега немаме договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на грбот и во принцип ние разговараме за сите прашања. Очигледно е дека и грбот и химната потекнуваат од комунистичко време и не ја одразуваат баш како што треба реалноста. Химната треба да одрази реалноста и да ги има и другите заедници и да ја чувствуваат сите граѓани како заедничка. Битката била заедничка. Да биде инклузивна и да се чувствуваат сите важни“ изјави Меџити.
Тој рече дека отворено прашање е и албанскиот јаик кој според него 20% е омаловажувачки и потценувачки за втората заедница во Македонија.