Филипче: Предлагаме седум мерки за олеснување на животот на граѓаните

- Намалување на ДДВ на електричната енергија од 18 на 5%, намалување на ДДВ на основните прехранбени производи, замрзнување на цените на основните производи во следните три месеци, фиксирање на маржите на основните производи, итно спроведување на Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на зелениот картон на автомобилите и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите, истакна Филипче.

Реформите во правосудството се клучни и сметам дека најавите на Владата за промена на членови на Судскиот совет и Републичкиот јавен обвинител апсолутно не е никаква реформа, туку притисок и партизација на судскиот систем, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Ако сега се направи упад во системот, тогаш целокупниот реформски процес, според Филипче, ќе се одложи за шест години.

– Сметам дека нема ниту една причина да не одиме по реформскиот пат на судството кој произлегува од планот за раст на Брисел. Како партија ќе поддржиме реформски закони во таа насока, се друго сметаме дека е упад во системот и обид за партизација, рече Филипче денеска на прес-конференција.

Според СДСМ, дека треба да се донесе нов Кривичен законик, компатибилен со европското законодавство, а било какви ад хок решенија нема да дадат резултат.

СДСМ бара намалување на ДДВ на струја, поевтин зелен картон и замрзнување на цените на основните производи

Владата воведува маржи кои најпрвин се задоцнети, а второ се однапред најавени со кои им дозволува на маркетите и трговците дополнително да ги зголемат цените, за потоа да не го почувствуваат замрзнувањето. Една мерка нема да даде никаков ефект. Затоа како одговорна партија ќе предложиме сет на мерки, рече денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по одлуката за маржи од 10% која денеска треба да биде усвоена на седница на Владата.

Смета дека со оваа мерка нема да има никаков ефект кој граѓаните би го почувствувале. Вели ваков финансиски удар досега немало во изминатите години, а не била толку лоша финансиската состојба и инфлацијата не била толку висока.

Како што кажа Филипче, како партија најавуваат седум мерки за олеснување на животот на граѓаните, како што се намалување на ДДВ на електричната енергија од 18 на 5%, намалување на ДДВ на основните прехранбени производи, замрзнување на цените на основните производи во следните три месеци, фиксирање на маржите на основните производи, итно спроведување на Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на зелениот картон на автомобилите и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.

Според лидерот на СДСМ, преку овие мерки ќе им се помогне на граѓаните во секојдневниот живот.