![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/kos-kalas.webp)
Кос и Калас: Приштина без одлагање и предуслови да ги спроведе обврските од договорот со Белград
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос, во заедничка изјава за неодамнешните избори во Косово, нагласуваат дека од Приштина се очекува да ги спроведе своите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализирање на односите, како и од сите претходни договори од дијалогот „без дополнително одлагање или предуслови“.

„Нема алтернатива за дијалогот предводен од ЕУ“, нагласија Калас и Кос, додавајќи дека напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува на нејзиниот европски пат.
Калас и Кос ги повикаа властите во Приштина да се вклучат во одговорна регионална соработка и да ги интензивираат своите напори за зајакнување на владеењето на правото и јавната администрација и заштита на слободата на изразување.