![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/usaid-750x430.jpg)
Белата куќа го разреши генералниот инспектор на УСАИД
Во САД синоќа беше поднесена нова тужба против брзото распуштање на агенцијата. Според тужителите, дејствијата на владата ги чинат американските бизниси стотици милиони долари. Ненадејното замрзнување на странската помош, исто така, бара големи отпуштања на американски добавувачи и изведувачи. Компанијата Chemonics International со седиште во Вашингтон отпуштила 750 вработени, се вели во тужбата.
Белата куќа го разреши генералниот инспектор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Пол Мартин. Генералните инспектори вршат надзорни функции и имаат задача да спречат измама и злоупотреба во владините служби. Maртин беше назначен на функцијата во 2023 година. Отказот го добил по е-пошта, јавија американските медиуми.
Канцеларијата на Мартин во понеделникот објави извештај во кој предупредува дека поради замрзнувањето на финансирањето на УСАИД, надзорот над хуманитарната помош сега е „во голема мера нефункционален“. Во текстот се наведува дека има непотрошени средства во износ од 8,2 милијарди долари и дека надзорниот орган има потешкотии да се погрижи тие пари да не паднат во рацете на екстремистичките групи или дел од нив да не бидат пренасочени во различни конфликтни зони.
Во САД синоќа беше поднесена нова тужба против брзото распуштање на агенцијата. Според тужителите, дејствијата на владата ги чинат американските бизниси стотици милиони долари. Ненадејното замрзнување на странската помош, исто така, бара големи отпуштања на американски добавувачи и изведувачи. Компанијата Chemonics International со седиште во Вашингтон отпуштила 750 вработени, се вели во тужбата.
Тужбата беше поднесена во Окружниот суд на САД во Вашингтон против претседателот Доналд Трамп, државниот секретар Марко Рубио и вршителот на должност заменик администратор на Агенцијата за меѓународен развој на САД, Питер Мароко, кој беше назначен од Трамп.