Полска активира авиони по руските напади

Полските вооружени сили утринава соопштија дека Полска активирала авиони за да обезбеди безбедност во областите во близина на границата со Украина, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина.

Полските вооружени сили утринава соопштија дека Полска активирала авиони за да обезбеди безбедност во областите во близина на границата со Украина, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина.

Полските сили ја следат ситуацијата, се наведува на Х.

Исто така е соопштено дека полските сили веднаш ќе одговорат на какви било закани.

Русија во текот на ноќта изврши нов напад врз Украина, а експлозии се регистрирани и во Полтава, пренесоа претходно украинските медиуми.