ДУИ е опозиција и работа и е да критикува, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари и еден од лидерите на Вреди која е дел од владејачката коалиција, во коментар за обвинувањата на ДУИ дека опаѓа застапеноста на Албанците на високи позиции во институциите, кажа дека постојаното упатување критики е дел од нејзината работа како опозициска партија.

Министерот за здравство Арбен Таравари и еден од лидерите на Вреди која е дел од владејачката коалиција, во коментар за обвинувањата на ДУИ дека опаѓа застапеноста на Албанците на високи позиции во институциите, кажа дека постојаното упатување критики е дел од нејзината работа како опозициска партија.

-ДУИ е опозиција и тоа и е работа – да критикува нон-стоп, рече Таравари на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новата компресорска станица за хируршките клиники.

Прашан во однос на законот за правична застапеност до каде е неговата подготовка, Таравари изјави дека набрзо ќе излезат со предлог закон, но без да прецизира кога точно ќе се случи тоа.

-Јас мислам дека законот е при крај, се надевам дека набрзо ќе излеземе заедно со премиерот и сите коалициони партии да соопштиме дека законот треба да ја започне процедурата во Парламентот, рече Таравари.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на крајот од јануари, годинава, истакна дека се работи на изработка на законот за правична застапеност, но дека сè уште не е одлучено дали ќе биде ново законско решение или тоа ќе биде регулирано во рамките на постојните законски решенија. Тој при тоа потенцира дека оваа Влада сака да понуди вистинско и трајно решение.

-Откако ќе го завршиме текстот, ако биде нов закон, или ако тој нов закон се повикува на некој друг закон, ќе биде објавен во јавноста, и ќе биде пратен во Венецијанската комисија на мислење. За да не ни се случуваат вакви импланти потоа да стануваат политичка тема бидејќи очигледно дека поединечни политички партии коишто со вакви импланти ги лажеа граѓаните 22 години, за да можат да го зголемуваат личното конто, да го зголемуваат својот имот и богатство, ја претвораат оваа тема од чисто практична во политичка тема, рече премиерот Мицкоски.