![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/tamara4-1-750x430.jpg)
(Видео) Ристоска: Корупција, непотизам и селективност има во театарот
- Многу е страшно во оваа моја фриленсерска кариера од осум години, се повеќе се соочувам со појавите како корупција, криминал, клиентелизам, неказнивост, отколку со транспарентност. Транспарентност која јас после осум години ја доживеав надвор од границите на Македонија, вели Ристоска.
„Овие денови кога ги следиме протестите во Србија, е причината во која гледаме дека надежта постои, дека постои таа човечност, дека постои солидарност, дека тие вредности навистина можат да дојдат до израз. Се плашам дека кај нас тие вистински вредности се некако изгубени, а дека културата е таа која што може да ни помогне да ги вратиме. Тие студенти мене некако ми ја враќаат таа надеж за солидарност и дека можеме да се сакаме самите себе, можеме да се бориме за вистинските вредности. Од позиција на актерка, она што може да ги промени тие вредности е најверојатно културата“, изјави во интервјуто за магазинот „Трилинг“ актерката Тамара Ристоска, околу прашањето поврзано за општествениот живот, колку кај нас солидарноста доминира или пак тоа е омразата, апатијата, себичноста, нетолерантноста.
![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/tamara1-1024x473.jpg)
„Јас сум фриленсер веќе осум години. Она што го имам научено во оваа професија е дека талентот не е секогаш пресуден и поради тоа оваа професија знае да биде неблагодарна. Во држава каде што се продуцираат еден до два филма на годишно ниво, скоро е невозможно секој да има парче од тој колач. Она што мене ми има помогнато се токму филмските фестивали, изјави Тамара Ристоска за тоа како се обезбедува и добива филмска улога на еден мал продукциски пазар како што е македонскиот и додаде дека она што нејзе и има помогнато се токму филмските фестивали.
„Имаше еден фестивал на којшто бев во Словенија пред две години, кој што беше за вмрежување на актери, кастинг директори и агенти. Тогаш всушност и дознав што е агент. Таму ја запознав и мојата агентка која веќе две години ми испраќа кастинзи. Оттаму почнуваат моите проекти и оттаму се намалува стравот на мојата вечна борба за егзистенција“, додава Ристоска.
„Љубовта кон професијата“ е тоа што е одлучувачки за една млада актерка да биде дел од домашниот филмски колаж на добри актери и актерки, вели Ристоска.
![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/tamara3-1024x473.jpg)
„Имам премногу вложено во оваа професија, имам премногу ризици преземено, имам премногу компромиси направено, за да сега после толку долго време се откажам. Ме има фатено инает дека ова е тоа што го сакам и мислам дека на крајот на денот можам да успеам и надвор од границите на оваа држава која што мене разочарувачки е колку не работела за мене“, потенцира актерката Ристоска.
„2017-та беше година на домашни телевизиски производи. Покрај „Фамилијата Марковски“ излегоа „Инсајдер“, „На терапија“ и нова сезона на „Преспав“. Кај македонскат апублика се почувствува таа глад за домашно производство. „Марковски“ навистина постигна голема гледаност и отвори многу прашања. Јана беше лик која имаше морална дилема, дали да застане помеѓу корумпираните проекти на својот партнер или да го задржи својот интегритет. Се отворија прашања како хомосексуалност, семејно насилство, тему коишто се сѐуште табу кај нас. Она што е најдрагоцено е што и после осум години, сѐ уште доаѓаат луѓе и ми кажуваат дека таа серија им го има променето животот, вели Ристоска и додава дека тоа чувство е бесценето кога знаеш дека затоа постоиме, да бидеме гласот на оние ја немаат таа можност.
Говорејќи за фактот што во Македонија има малку домашни продукции, а доминираат најчесто српски или хрватски серии, Ристоска вели дека филмот и ТВ проектите се скапа играчка и културата е скапа.
![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/tamara2-1024x473.jpg)
„Понекогаш луѓето ја доживуваат како забава, но мислам дека може да биде и општествен коректор, општествено да влијае, како што „Фамилија Марковски“. Да, финансиите се секогаш проблем, но имаше еден натпис на МКЦ кој велеше – „Културата е скапа, но некултурата е уште поскапа“, вели Ристоска.
Околу театарот како предизвик, Ристоска вели дека тој и е предизвик, но не е сигурна дали таа е предизвик на раководството на театарот.
„Јас би рекла дека сум сведочела на корупција и на непотизам во театарот. Така што да, таа селекција постои, отсекогаш постоела и ќе постои“.
– Многу е страшно. Во оваа моја фриленсерска кариера од осум години, се повеќе се соочувам со појавите како корупција, криминал, клиентелизам, неказнивост, отколку со транспарентност. Транспарентност која јас после осум години ја доживеав надвор од границите на Македонија“, вели Ристоска.
Целото интервју со актерката Тамара Ристоска дадено за магазинот „Трилинг“, погледнете го во видеото