![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/Igor-Jug1-700x430.jpg)
Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“
Ноќеска, на 54 години, почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој беше осуден на 12-години затвор. Веста ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, кој вели дека на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка.

-За жал информацијата е точна. Му се слошило на роденденот на неговата ќерка по што починал. Изминатиот период, Југ бил на прекин од издржување на затворската казна поради нарушено здравје, изјави директорот Пандов.
Игор Југ издржуваше 12 годишна затворска казна за настаните од „27 април“ и упадот во Собранието, а во затвор помина осум години.
Изминатиот период, бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека пресудите се неправедни и дека никој од осудените не е терорист, ниту дека сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.