МВР за претресите во своите редови: Одземени мобилни телефони и обемна документација
Според неофицијални информации кои дел од медиумите ги објавија, полициската акција во просториите на Министерството за внатрешни работи се однесува на истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.
Во акцијата, што беше спроведена во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, биле извршени претреси на 16 локации и запленети се обемна документација и мобилни телефони.
Како што информираа од МВР, активностите биле преземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет кој е во предистражна постапка, а се однесува на злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството.
Мобилните телефони и документацијата ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а, како што информира МВР, биле извршени и службени разговори со повеќе лица.