![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/spasov-kniga-730x430.webp)
Промоција на книгата на проф. д-р Људмил Спасов „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“
Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик денеска ќе биде промовирана најновата книга на проф. д-р Људмил Спасов „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“.

Како што информираат од Институтот, поздравно обраќање на промоцијата ќе одржи проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик.
Промотори ќе бидат проф. д-р Искра Пановска-Димкова и проф. д-р Лидија Аризанковска.