Јакимовски: Валадата не зборува за нивните миленичиња, трн во око им се маркетите
-Ве молам зафатете се да решавате вистински проблеми и удрете по причините, а не по последиците. Цените во маркетите се последица, а не причина за растот на цените, стои меѓу другото во објавата на Јакимовски на социјалните мрежи.
Лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски повторно се осврна на бојкотот на маркетите и поддршката од страна на Владата.
-Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња. Трн во око им се маркетите. Седум големи маркети прават вкупен промет од 900 милиони евра, и сите заедно имаат добивка од 32 милиони евра. Тоа е некаде околу 3,5% добивка, профит од целокупниот промет, посочува Јакимовски во својата објава.