Трендафилов: Обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).

Како што изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по завршувањето на денешната седница на ЕСС, Владата смета дека е добро да има независно тело кое ќе нуди различни пресметки, а се надева и дека тоа ќе биде порелевантен показател од она што го прави ССМ.

Според Трендафилов, минималната синдикална кошница ги отсликува реалните потреби на едно четиричлено домаќинство и ССМ и стои на располагање на државата ако има потреба, да и пренесе дел од своите знаења во однос на пресметките. Трендафилов потсети дека Државниот завод за статистика во кошничката опфаќа околу 230 производи кои се „далеку понереални“, како ананас, јагоди, ореви, бадеми,…, а ССМ се задржува на неопходните: сеознски овошја, газиран и густ сок, хамбургери за децата,…

На прашањето дали ССМ ќе учествува во независното тело кое ќе ја креира официјалната потрошувачка кошница, тој одговори дека ќе се разговара, иако претходно, претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајкоска изјави дека и синдикатите ќе бидат дел од него.

-ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка која се покажа како единствен релевантен податок. Ако грешката е што во неа се ставени сеознски овошја, еден газиран и еден густ сок или хамбургери за децата, тогаш може слободно да направат нова методологија и нова пресметка. Веројатно сите сакаат да станат синдикалци. Она што го критикуваат во нашата кошница е минимално пресметано, 25 грама цреши денеска можеме да поделиме со семејството, една чаша кока-кола и една чаша сок од портокал. Со 730 денари во текот на денот не може да купите ни четири бурека ни четири јогурти, а не за појадок, ручек и вечера. Сепак, стоиме на располагање за да пренесеме дел од нашите знаења ако државата или Државниот завод за сатистика смета дека треба да направат некакво унапредување. Но, ќе потсетам, и денеска статистика пресметува близу 230 производи во нивната кошница кои се далеку понереални: ананас, јагоди, ореви, бадеми,… Она што ССМ го прави од 2010 година било и ќе биде критикувано од сите влади, но ако разговорите преминат од фаза на дискусија и идеи во фаза дека ќе ни докажат дека можеме да преживееме со далеку помалку, можеби ќе треба да се пресмета просечна кошница која ќе биде над 2 000 евра, која ќе ги отсликува реалните, а не минималните потреби, само тоа нема да им се допаѓа ни на Владата, ни на работодавачите, рече Трендафилов.

Укажувањата на седницата на ЕСС биле, рече, дека е потребно независно тело да пресметува потрошувачка кошница.

– ССМ, како и сите синдикати во регионот и Европа пресметува вакви кошнички за да покаже каде треба да се движат владините и политиките на работодавачите за зголемување на платите. Веројатно ова со официјалната кошница ќе биде координиран напад и во наредниот период ќе се трудат да не замолчат. Сите денеска на ЕСС се обидуваа да најдат некаква грешка, но не успеаја, истакна Трендафилов.

Според него, ССМ останува на ставот дека платите треба да се зголемат уште денеска, а работниците можеби немаат толку големи проблеми со Владата и работодавачите, колку што имаат со некои синдикалци.

– Синдикалци денеска на седницата не убедуваа дека можеби и не е потребен раст на минималната плата зашто ќе правел притисок врз останатите плати. Сметаат и дека кошничката што ние ја пресметуваме треба да ја критикуваат и да даваат поддршка на некој трет да ни ја крои капата нам, на работниците и граѓаните, а бојкотот покажа дека животот ни е прескап и дека е потребно платите да се зголемат уште денес, подвлече Трендафилов.

Тој оцени дека е созреано времето и дека денеска е денот сите социјални партнери да си подадат рака за работодавачите да можат да издржат да плаќаат дополнително зголемување на  минималната и платите во приватниот сектор без притоа Владата да има дополнителни оптповарувања на Буџетот.

-Да се слеат дополнителен дел на придонесите од законското усогласување на минималната плата, а работниците да добијат повисоки плати согласно труот што го вложуваат. Ако минималната плата се зголеми дури и  на 31 500 денари согласно предлозите на стопанските комори, ќе се вратиме на позиција кога две минимални плати ќе ја покриваат минималната синдикална кошница. ССМ останува на ставот минималната плата да се зголеми на 24 400,  24 500 или 24 700 денари и да се договорат социјалните партнери дека е потребен дополнителен раст на минималната плата, а работодавачите да бидат ослободени од плаќање придонеси, односно субвенционирани од државата. ССМ се залага за зголемување на сите останати плати преку субвенционирање на придонесите за одреден период, повтори Трендафилов. 

Нема договор за минималецот, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница