Коцевски: Се истражува дали Васил несреќата ја извршил со умисла или од небрежност
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска, во гостување во „DailyClick“ на ТВ21 за трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова рече дека се истражува дали возачот, Васил Јованов, ја извршил несреќата со умисла или од небрежност.

„Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка дозвола, возел многу повеќе од дозволената брзина и прекршил правилата со поминување на црвено светло. Сите овие фактори ќе бидат внимателно разгледани во текот на постапката“ – посочи Коцевски.
Напомена дека „во повеќето случаи, кривичните дела во сообраќајот се резултат на небрежност, што го поттикнува потребниот акцент на строгост и контрола во оваа област“.