„Alea iacta est!“: Барт Де Вевер доби мандат за формирање Влада на Белгија

Белгискиот крал Филип доцна синоќа и формално му го довери мандатот на лидерот на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер за формирање нова Влада на Белгија, соопшти Кралската палата во Брисел.

Белгискиот крал Филип доцна синоќа и формално му го довери мандатот на лидерот на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер за формирање нова Влада на Белгија, соопшти Кралската палата во Брисел.

Ваквиот одлука на кралот уследи откако синоќа беше соопштено дека петте партии кои преговараа за формирање на нова Влада на Белгија постигнале договор за програмата на идниот владин Кабинет.

По ова Де Вивер беше примен од кралот Филип, кого го информирал дека петте партии од „Аризона“ коалицијата – Н-ВА, валонското либерално Реформско движење (МР), валонската центристичка партија Посветените (ЛЕ), фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт) и десноцентристичката Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ), склучиле коалициски договор.

Постигнувањето на договорот беше овозможено откако идните коалициски партнери ги усогласиле ставовите околу даночната политика, пазарот на трудот и пензиските реформи.

Де Вевер по аудиенцијата кај кралот на социјалните мрежи објави: „Alea iacta est!“ (Коцката е фрлена) заедно со емоџи кое означува „победа“ и фотографија од неговата средба со монархот.

Де Вивер имаше док до вчера да го извести шефот на белгиската држава за резултатите од неколкумесечните преговори за формирање нова Влада, по изборите одржани на 9 јуни минатата година.

По објавувањето на информација за постигнатиот договор за формирање на нова Федерална влада, се огласи лидерот на опозициската екстремно левичарска Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ), Раул Хејдебау, кој најави дека „ќе ја натераат идната Влада да отстапи“.

– Тие ќе ни ги намалат средства за пензиите, ќе ни ги замрзнат платите, ќе ја уништат нашата социјална заштита, итн., изјави Хејдебау.

На јунските избори Н-ВА освои 24 пратеници, пред националистичката и десно популистичка Фламански интерес (ВБ) и РМ со по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) со 16, ПВДА/ПТБ со 15, ЛЕ со 14, Вуројт со 13, ЦДВ со 11, Отворени Фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) со 7, Зелените со 6, Еколо со 3 и бриселската регионална либерална партија Независни федерални демократи (ДЕФИ) со 1 мандат.

Неколку недели по изборите, белгискиот крал Филип му довери задача на Де Вевер да се обиде да состави нова владина коалиција, но кон средината на август тој го врати мандатот. По ова, кралот на 23 август го задолжи лидерот на ЛЕ, Максим Прево да посредува во обидите за формирање нов владин кабинет. На 1 септември Прево изјави дека неговата мисија била успешна и дека петте партии потенцијални коалициски партнери ја потврдиле „својата решеност да ги спроведат важните структурни реформи, кои треба да ја вратат Белгија на колосекот на просперитетот и благосостојбата за нејзиното население и економија“. Веќе следниот ден кралот Филип одново го задолжи Де Вевер да ги продолжи преговорите за формирање идна владина коалиција, за што првичниот краен рок беше 23 септември, но тој потоа беше продолжуван во неколку наврати. Последниот „краен рок“ што кралот му го даде на Де Вевер истекуваше вчера.

Инаку, името „Аризона“ на потенцијалната идна владина коалиција потекнува од боите на петте партии – жолта (НВ-А), сина (МР и ЛЕ), црвена (Ворујт) и портокалова (ЦДВ), кои се и на знамето на американската сојузна држава Аризона. Актуелната владина коалиција во Белгија се нарекува „Вивалди“, како алузија на делото на композиторот Антонио Вивалди, „Четири годишни времиња“, бидејќи Владата ја сочинуваат либерали, социјалдемократи, демохристијани и екологисти. Таа беше формирана во октомври 2020 година, 494 дена по изборите одржани на 26 мај 2019 година.