Герасимовски: Од утре стартуваме со голема акција за чистење на Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски попладнево одржа координативен состанок со вработените од јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ, со цел мобилизирање преку акција за чистење на општината, откако вчера, градот Скопје повторно потфрли и го остави централното градско подрачjе во смет.

На состанокот се дискутираше за акцијата којашто треба да започне утре со чистење на критичните места на територија на Општина Центар.

„Хигиената на Центар мора да ја сочуваме, не смееме да дозволиме поради негрижата од страна на градот Скопје централното градско подрачје да биде во смет. Имаме голем број на поплаки од граѓаните, да не си играме институционален пинг-понг. Доколку градот нема капацитет да ги исчисти улиците во Центар за која е надлежна, тогаш ние ќе си го исчистиме ѓубрето. Од утре почнуваме со темелно чистење на улиците, со цистерна, две метларки и камион. Чистотата и здравјето на центарци е најважно“, вели Герасимовски.

Герасимовски, порачува дека градот Скопје мора поажурно да се грижи за хигиената во градот затоа што со негрижата покажува тотална незаинтересираност за граѓаните, загрозувајќи го нивното здравје.