Лазаров: Мукаетов беше со нас и во добро и во зло, благодарам за тоа!

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, по крајот на Светското првенство испрати јавна благодарност до Живко Мукаетов, првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) кој го имаше последното големо натпреварување на чело во „куќата на ракометот“.

Мукаетов се повлекува од позицијата, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) добива нов претседател. Лазаров кажа дека сите добиле огромна поддршка од него и додека тој бил играч, а и сега како селектор со актуелниот тим.

„За Живко Мукаетов имам само пофални зборови, би сакал да ја искористам приликата за јавно да му се заблагодарам за поддршката што ни ја даваше во целиот овој период, со години наназад. Бевме заедно во добрите моменти, исто така и во лошите, но тоа само направи да бидеме уште поупорни за да успееме, и успеавме навистина – изградивме една нова генерација која игра квалитетен ракомет.

Можам слободно да кажам дека тој е извонреден човек преполн со енергија, кој многу го сака спортот и ја сака Македонија, соработувавме беспрекорно и неговото заминување секако ќе остави трага“, изјави Лазаров.

Мукаетов си заминува од претседателското место во Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во месец март.

Извор: Гол.мк