Државата ќе се справува со опасните предизвици на ТикТок преку упатство за наставниците и родителите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека подготвено е упатство поврзано со предизвиците на социјалната мрежа ТикТок. Тоа упатство е споделено со педагошката служба во МОН. Андоновски истакна дека ќе биде наменето за сите наставници во сите училишта, да поразговараат со децата и учениците за предизвикот со социјалните мрежи.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека подготвено е упатство поврзано со предизвиците на социјалната мрежа ТикТок. Тоа упатство е споделено со педагошката служба во МОН. Андоновски истакна дека ќе биде наменето за сите наставници во сите училишта, да поразговараат со децата и учениците за предизвикот со социјалните мрежи.

-Ова се алатки со неограничени можности и никој од нас не бил обучен како правилно да ги користи. Упатството ќе се состои од корисни веб-страници кои што родителите можат да ги користат за да го ограничат пристапот на секое од децата – конкретни веб-страници или апликации за да не можат да се симнуваат. Втор чекор е нашиот Центар за побезбеден интернет. Мислам дека ќе го формираме до крајот на годината. Третата можност е целосна забрана на овие апликации. Веќе кажав дека сум против нарушување на Интернет-неутралноста и заземање на страна во поглед на забранување на апликации. Голема е веројатноста децата да се префрлат на некоја друга, а државата не смее да биде таа која постајано ќе забранува апликации и со тоа ќе ги наруши демократските принципи на општеството. Ако забележиме дека овие мерки не се доволни, можеме да го задржиме правото со одредени измени во Законот за електронски комуникации да преземеме и вакви мерки, рече Андоновски на прес-конференција во Владата.

Во неделата, почина тинејџерот од Волково, кој во четвртокот доживеа струен удар додека беше качен на цистерна – вагон во скопска Кисела Вода. Ова е втор ваков случај во кој малолетник завршува трагично. Пред две години 14 годишна девојка од Илинден исто така го загуби животот снимајќи ТикТок видео качена на вагон.

На почетокот на декември минатата година, видеа што кружат од изведувањето на предизвикот, откриваат дека „Супермен челинџ“ стана тренд меѓу македонските ученици, откако една недела претходно и од земји во регионот стигна аларм за повредени ученици како последица на тој предзивик. Тогаш само на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ биле примени 11 ученици со повреди како последица на опасниот предизвик.