Трендафилов: Очекуваме средба со Владата за вработените во администрацијата
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов денеска потврди дека Синдикатот на УПОЗ има добиено повратна информација дека е прифатено нивното барање за средба со Владата која ќе се случи по враќањето на владната делегација од САД.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов денеска потврди дека Синдикатот на УПОЗ има добиено повратна информација дека е прифатено нивното барање за средба со Владата која ќе се случи по враќањето на владната делегација од САД.
Од ССМ очекуваат дека таа средба ќе се реализира во најкраток можен рок.
– Се надеваме дека тоа ќе биде во најбрзо време имајќи предвид дека колегите од овие шест министерства и двете други институции очекуваат да се интензивираат разговорите кои беа прекинати поради одбивањето на анексите на колективните договори од страна на Министерството за финансии. Од тие причини, Синдикатот на УПОЗ подава рака преку социјален дијалог да се најде соодветно решение, но колегите од овие институции се подготвени да ги продолжат протестите и евентуално да преземат и други активности што се возможени согласно законот, рече Трендафилов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во ССМ.
Вработените од шест министерства и од Државниот завод за статистика и Државниот архив неколку дена одржуваа получасовен предупредувачки протест барајќи исплата на дадатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективните договори. Барањето на Синдикатот на УПОЗ за средба беше прифатено од страна на Владата.
Во петокот, од Владата соопштија дека средбата на премиерот Мицкоски со Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира по враќањето на владината делегација од САД.