Вучиќ: Од Трамп очекувам структурни промени во политичкиот проток на крв во светот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува големи промени од новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а особено уривање, како што рече, на постоечкиот корумпиран систем кој служел за уништување слободни и слободарски држави во светот.

-Ако го направат тоа ќе бидат структурни промени во политичкиот проток на крв во светот и верувам дека ќе го направат тоа – изјави Вучиќ на ТВ Хепи.

Тој изјави дека многу организации служеле како групи за притисок и за остварување на интересите на светските агенции и верува дека Трамп ќе го спречи тоа, што ќе го спаси неговиот буџет како и десетици слободољубиви нации.

– Одеднаш Америка ќе им скокне во очи. Неверојатно е колку Америка ќе ја подобри својата репутација ширум светот – рече тој.

Тој додаде дека им верува на Вивек Рамасвами и Илон Маск, кои можат да му заштедат на американскиот народ многу пари и да влијаат на важните одлуки во САД.

Посочи дека ќе треба година или две да се забележи. Вучиќ рече и дека ако Трамп помогне да се стави крај на војната во Украина, тоа ќе има добар ефект врз српската економија.

– Ако за шест месеци го прекине руско-украинскиот конфликт, ќе одиме во рајот што се однесува до нашата економија. До небото. Запрете ја војната до Видовдан, не можам да ви кажам колку ќе можеме да ги зголемиме платите и пензиите – рече Вучиќ.