Конечно постигнат договор за политичка влада во Бугарија

Она што може да биде најинтересно за македонската јавност е дека е речиси извесно во новата влада министер за надворешни работи ќе биде за нас речиси непознатиот Георг Георгиев.

По долги преговори неколку неочекувани партнери успеаја да ја формираат новата влада на Бугарија. Претседателот Румен Радев утре напладне треба да му го предаде мандатот на Росен Желјасков од ГЕРБ, а кабинетот треба да го сочинуваат претставници на партијата на Бојко Борисов, Бугарската социјалистичка парти (БСП) и Има таков народ на Слави Трифонов.

Последната собвладана пречка беше обезбедување на поддршката од Движењето за права и слободи на Ахмет Доган. Тоа се случи вечерва откако лидерот делот од партијата што го контролира Ахмет Доган објави дека ќе ја поддржи владата на тројцата коалициски партнери.

Во коалициската спогодба ќе се внесе дополнителен анекс на договорот за заедничко владеење, кој ќе го потпишат ГЕРБ, БСП и Има таков народ, кој ќе го потпишат претставници на фракцијата на Доган. Како што јавуваат бугарските медиуми тоа значи дека утре кандидатот за премиер на ГЕРБ, Росен Желјасков ќе го преземе мандатот од претседателот радев и веднаш ќе го врати со поплнета министерска структура. Намерата е за составот на новиот политички кабинет собранието да гласа уште во четврток.

Тоа би требало да стави крај на долгата политичка неизвесност во Бугарија која седум пати одеше на предвремени избори и освен деветте месеци на политичка влада на Николај Денков цело време беше раководена од технички влади.

Она што може да биде најинтересно за македонската јавност е дека е речиси извесно во новата влада министер за надворешни работи ќе биде за нас речиси непознатиот Георг Георгиев.

Георгиев сега е пратеник од редовите на ГЕРБ (а беше и пред десетина години). Младиот Георгиев (33) таму во бугарската политика е попознат по тоа што беше заменик-министер за надворешни работи четири години (2017-2021) во времето кога Екатерина Захариева беше шеф на дипломатијата. Токму во тоа време се случија блокадите на Софија на европскиот пат на Македонија и жестоките услови што ги постави тогашната влада на Борисов.

Најискусниот човек во екипата околу Борисов во надворешните работи, поранешниот министер Даниел Митов, се очекува да ја преземе функцијата министер за внатрешни работи.