Во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол со денови се кријат цивилите и дел од војниците. И понатаму таа е цел на воздушен напад, тврди украинската страна.
Доколку оваа информација се потврди како точна, тоа ќе значи дека Русија повторно ја менува тактиката, откако во четвртокот претседателот Путин нареди да сопре нападот врз „Азовстал“, но да остане под блокада, за „ниту мува да не прелета“.
Вчерашниот хуманитарен коридор од уништениот Марупол не успеа.
Властите во Киев се надеваат дека денеска ќе извлечат жени, деца, стари луѓе и повредени. Украинските војници велат дека под урнатите згради во подрумите има заробено луѓе, а тие одржуваат контакт со цивилите кои им се достапни. Во бункерот на „Азовстал“ има и мртви, но и луѓе со мали бебиња. Тука се кријат веќе два месеца. Тврдат дека од 27 февруари немаат видено небо.
За украинскиот премиер ужасот од Мариупол е катастрофа на векот.