Промоцијата на книгата „Ретки птици“ од публицистот и музички новинар Ненад Георгиевски
Промоција на книгата „Ретки птици“ на публицистот и музички новинар Ненад Георгиевски ќе се одржи вечер во Лабараториум со почеток во 19.30 часот.
Промоција на книгата „Ретки птици“ на публицистот и музички новинар Ненад Георгиевски ќе се одржи вечер во Лабараториум со почеток во 19.30 часот.
Промотори се Александра Јуруковска и Милан Дамјаноски.
Книгата е збирка интервјуа создадени во период од десет години со најразличен профил на луѓе. Поделена е на два дела: „Мелодии“ и „Зборови, слики и патувања“. Првиот дел содржи интервјуа со познати музички имиња како Рај Кудер, Збигњев Прајснер, Влатко Стефановски, Стив Ваи, Тереза Салгеиро, Бранко Николов (Фолтин), Џон Апелгрен и многу други. Вториот дел, „Зборови, слики и патувања“, опфаќа разговори со уметници и креативци од различни области, вклучувајќи фотографи (Масајоши Сукита и Оливер Белопета), графички дизајнери (Зоран Кардула и Симон Калајџиев), поети (Бранко Николов – Пијан Славеј), сликарот Ване Костуранов, Владимир Мартиновски, режисерот Жарко Иванов, патопиците Урош Крчадинац, публицистите Тони Димков и Александар Трајковски, Дана Сиљан, учител по таи чи, си-фу, како и менаџери и организатори од институции како саемот за фотографија Unseen и Музејот на Ван Гог во Амстердам.
Посебно место зазема интервјуто со семејството на Жан Мишел Баскијат за изложбата „King Pleasure“, одржана во Њујорк во 2022 година.
-„Ретки Птици“ е книга што изобилува со длабоки размислувања и гледишта од истакнати уметници и мислители кои ја збогатуваат македонската и светската културна сцена. Преку овие интервјуа, читателите добиваат увид во внатрешните светови, креативните процеси и визиите на авторите, прикажани низ пошироки културни и општествени контексти, се наведува за публикацијата.
Настанот ќе биде збогатен со настап на џез гитаристот и професор Сашо Поповски.