Зеленски предизвикува штета, тоа е недозволиво – рече Фицо по средбата со Путин

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да продолжи со испораките на гас за Запад, откри словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со рускиот лидер во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да продолжи со испораките на гас за Запад, откри словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со рускиот лидер во Москва.

– Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораките на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата на украинскиот претседател – напиша Фицо на својата Фејсбук страница.

Фицо, кој разговараше со Путин, нагласи дека неговата посета на Русија е реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се закани дека ќе го спречи транзитот на руски гас низ Украина.

– Ваквиот став (на Зеленски) предизвикува финансиска штета на Словачка и го загрозува производството на електрична енергија во нуклеарните централи во Словачка. Ова е недозволиво – нагласи Фицо.

Премиерот на Словачка рече дека со рускиот претседател разговарал и за односите меѓу двете земји, како и за можноста за мирно решавање на војната во Украина.

– Во долгиот разговор, Путин и јас разменивме мислења за воената ситуација во Украина, можноста за брз мирен крај на војната, односите меѓу Словачка и Руската Федерација, кои имам намера да ги стандардизирам – најави Фицо на социјалната мрежа.

Тоа беше прва лична средба меѓу Путин и Фицо уште од 2016 година.