По 100 евра еднократна помош од државата за косовските пензионери и децата до 16 години
Косовската влада обезбеди по 100 евра еднократна дополнителна помош за пензионерите и децата на возраст до 16 години,јавија косовските медиуми.
Косовската влада обезбеди по 100 евра еднократна дополнителна помош за пензионерите и децата на возраст до 16 години,јавија косовските медиуми.
Според косовскиот премиер Албин Курти, тоа не е само подарок за крајот на годината, туку и инвестиција во благосостојбата на децата во Косово без разлика на нивната етничка припадност, како и поддршка за пензионерите.
Тоа е петта помош за пензионерите во мандатот на владата на Курти (од 2021 година).