Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција
На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди, а според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, првата најдобра понуда е за 11 милиони евра пониска од износите од претходниот тендер.
На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди, а според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, првата најдобра понуда е за 11 милиони евра пониска од износите од претходниот тендер. Фирмите се од Италија, Турција, Србија, а има и една локална. Се очекува договорот да биде потпишан на крај на јануари.
– Првиот тендер после девет месеци беше неуспешен, направивме сето тоа да бид многу бргу, добивме пет понуди од коишто првата најдобра понудена е за 11 милиони евра поевтина од претходниот пат. Процедурата за финализирање на постапката е следна. Нома гас ја заврши евалуацијата, вчера се испратени процедурите, понатаму треба ЕИБ и ЕБДР да ги прегледаат сите документи и се надеваме да нема приговори, меѓутоа следува католички Божик и се надеваме дека до крај на јануари ќе биде се завршено, што значи дека очекуваме потпишување на крај на јануари. Крај на јануари ќе биде се финализирано, се што беше до нас, до Нома гас, е завршено, рече денеска Божиновска, одговарајќи на новинарски прашање, по потпишување на договоот за грант од ЕБОР.
Таа дополи дека и останатиоте четири понуди на повикот се пониски од минатите. Упати на информации за фирмите во Нома гас и посочи дека се од Италија, Турција, Србија, како и една локална.
Нам ни е најважно, нагалси таа, да се запазат сите легални процедури за да нема како минатиопт пат неправилности и да добиеме забалешки отпосле.
Македонскиот национален оператор „Номагас“ го објави новиот повик на 21 октомври годинава, со сума на финансирање од 83.653.000 евра. Макеоднскиот дел од гасоводот е во должина од 67 милиони евра.