Вадим Бојченко – градоначалникот на украинскиот град Мариупол денеска изјав дека масовни гробници се пронајдени во село во близина на градот.
Тој рече дека се откриени „ровови“ во селото Мануш, во областа Доњецк и тврди дека руските сили ги собрале телата во камиони и ги фрлиле таму.
Говорејќи преку видео врска од непозната локација, тој рече дека „руските војници ги бришат своите злосторства“.
„Ова е втора недела по ред како се е целосно затворено. Никој не смее да влезе. Тие вршат расчистување. Тие ги прикриваат злосторствата извршени од Руската Федерација во Мариупол. Според нашите проценки, повеќе од 20.000 цивили беа убиени во непријателските артилериски и ракетни напади на улиците на нашиот град“ – рече Бојченко.