И папата бара примирје во Украина за време на православниот Велигден
И папата Франциск се приклучи кон повикот на генералниот секретар на Обединетите нации – Антонио Гутереш за прекин на огнот во Украина на Велигден, кој православните верници го слават на 24. април, во недела, соопшти Светата столица.
„Светата столица и Светиот Отец се придружуваат на повикот кој на 19. април го упати Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, во договор со Неговата Светост Свјатослав Шевчук, поглавар на Грчката католичка црква во Украина, за прекин на огнот на Велигден по Јулијанскиот календар, на 24. април“ – се вели во соопштението од Ватикан.