Мицкоски: Имаме порака до Брисел – нема повеќе да правиме отстапки, нека си најдат друга влада за тоа
Премиерот Христијан Мицкоски во вторник заминува во Брисел. Пред заминувањето рече дека од таму има нејасни пораки, и уште еднаш го повтори ставот дека оваа влада нема да прави отстапки.
Премиерот Христијан Мицкоски во вторник заминува во Брисел. Пред заминувањето рече дека од таму има нејасни пораки, и уште еднаш го повтори ставот дека оваа влада нема да прави отстапки.
„Заминувам во Брисел во вторник, се враќам во четврток. Пораките од таму не се јасни, но нашата порака е јасна. Ние доволно направивме, како ниту една држава во ЕУ, и гледате сега една земја на друга си ставаат вето. Гледаме дека ветото станува пракса. Реформите ги правиме согласно мониторинг. Ние не сме опаност, и бидејќи таму има политичари кои одлучија да се потпираат на политичари кои живат во средниот век, ние тука не можеме ништо. Ние како влада отстапки нема да правиме, ако си најдат друга влада тогаш во ред. Но, ние отстапки нема да правиме“, изјави Мицкоски.