Премиерна проекција на кратките филмови на младите филмаџии од „Филмската училница“ во Кинотека

Во киносалата на Кинотека, вечерва, ќе бидат прикажани кратките филмови „Агент Блу“ на Јана Денковска, „Колач“ на Костадин Тасевски и „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек Дуковски, кои се учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“, која е во организација на Кинотека и Гете Институт - Скопје.

Во киносалата на Кинотека, вечерва, ќе бидат прикажани кратките филмови „Агент Блу“ на Јана Денковска, „Колач“ на Костадин Тасевски и „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек Дуковски, кои се учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“, која е во организација на Кинотека и Гете Институт – Скопје.

Како што информираат од Кинотека, по проекцијата на кратките филмови, ќе следи кратка дискусија за филмовите.

– Филмските училници во чии рамки се направија овие кратки филмови се одржуваа секоја сабота во Кинотеката, во текот на првото полугодие од учебната 2024/25 година, и во нив учествуваа деца на возраст од 11 до 14 години. Тие, заедно со режисерот Саша Станишиќ, како и филмските автори Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш учеа за филмската уметност и работеа на своите први кратки филмчиња, во улога на режисери, сниматели, актери и сценаристи, стои во соопштението.