Наредна недела информација дали здружение „Иван Михајлов“ може во земјава

Претседателот на Владата – Димитар Ковачевски денеска изјави дека Владата ќе го разгледа прашањето дали граѓанско здружение може во Македонија да се регистрира под името „Иван Михајлов“.

„Како Влада ќе ги собереме сите информации во однос на користењето на имињата кога станува збор за регистрирање на здруженија на граѓани. Веќе имаше некои коментари од адвокати, идната недела ќе ве информираме за резултатот“ рече Ковачевски.

Тој уште еднаш наведе дека Ванчо Михајлов бил соработник на „Хитлерова Германија, Мусолиниева Италија и Павеличева Хрватска“.