Зеленски: Можеме да развиеме максимална брзина за влез во ЕУ

„Украина досега ослободила 934 населени места од руската армија, а животот во оваа област постепено се нормализира“.

Ова е изјава на украинскиот претседател – Володимир Зеленски.

„Веќе се ослободени 934 населени места. Полицијата продолжи со работа во 435 населени места. Локалната самоуправа започна со работа во 431 заедница. Работата на хуманитарни штабови е започната во 361 населено место“ и порача Зеленски на нацијата.

Владата на Украина го обновува пристапот на луѓето до медицинските и образовните услуги и телата за социјална заштита, вели тој.

По состанокот со претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел во Киев Зеленски рече дека тој бил сеопфатен и продуктивен, разговарале за теми како што се процесот за членство во Европската унија (ЕУ), конкретните чекори на ЕУ за помош на Украина, особено во однос на одбраната, финансиите и санкциите, како и подготовката на неопходните чекори за обнова на Украина.

„Ова е историски момент кога можеме да развиеме максимална брзина во влезот во Европската унија. Веќе докажавме дека украинските државни и јавни институции се доволно ефикасни за да го издржат дури и тестот на војната“ – рече Зеленски.