Весна Меденица – екс претседателката на Врховниот суд на Црна Гора која е приведена поради сомнение за создавање криминална организација и противзаконско влијание, се обидела да се самоубие во Клиничкиот центар на Црна Гора, јавуваат медиумите од Подгорица, повикувајќи се на полициски извори.
РТЦГ информира дека Меденица моментно е во стабилна состојба.
Јавниот сервис во Црна Гора информира дека наводно Меденица сама се обидела да си го пресече вратот, што било спречено со интервенција на болничкиот персонал и на полицајците.
Таа беше уапсена поради злоупотреба на службената должност откако беа објавени записи на нејзиниот син во кои се вели дека ќе ги заштити неговите незаконски зделки со кокаин и шверцувани цигари.