Во Белград ќе биде објавена пресудата за масовното убиство во Дубона и Мало Орашје

Во Специјалниот суд во Белград за денеска е закажано изрекување на пресудата против Урош Блажиќ за убиство на девет и ранување 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје, на 4 мај лани, јави Бета.

Во Специјалниот суд во Белград за денеска е закажано изртекување на пресудата против Урош Блажиќ за убиство на девет и ранување 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје, на 4 мај лани, јави Бета.

За истиот случај претпладнево ќе бидат објавени пресудите за неговиот татко Радиша Блажиќ кој е обвинет за набавка на големо количество оружје со кое е извршено делото.

Случајот го води Вишиот суд во Смедерево, а од безбедносни причини рочиштата се одржуваа во зградата на Специјалниот суд во Белград.

Обвинителот Иван Конатар во завршниот говор на крајот на ноември рече дека во судската постапка се докажани делата за кои се товари Блажиќ и побара максимална казна за обвинетите, без олеснителни околности.

Урош Блажиќ според законот може да биде осуден на најмногу 20 години затвор, бидејќи во моментот на делото немал 21 година. На рочиштето на крајот на август, Урош Блажиќ се изјасни за виновен за масакрот што го изврши на 4 мај 2023 година.