„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет

Од Националната опера и балет информираат дека ќе настапи врвна домашна солистичка екипа предводена од првенката Ана Дурловски во насловната улога. Покрај неа, настапуваат и Марјан Јованоски, Ѓорѓи Цуцковски, Никола Стојчески, Александар Стефаноски, Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од италијанскиот композитор Гаетано Доницети.

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Дарио Салви (Шкотскa/Италија), режисер и сценограф Лев Пулиезе (Италија), костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстор се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Од Националната опера и балет информираат дека ќе настапи врвна домашна солистичка екипа предводена од првенката Ана Дурловски во насловната улога. Покрај неа, настапуваат и Марјан Јованоски, Ѓорѓи Цуцковски, Никола Стојчески, Александар Стефаноски, Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го напишал либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. Операта премиерно е изведена на 26.09.1835 година во Театро Сан Карло во Неапол. Дејството во оригиналното дело на Сер Волтер Скот се базира на вистинска случка во историјата на семејството Стер. Настанот се одвива во Ламермур, место во Шкотска во 1669 година. Либретото на операта ја содржи основата на приказната на Сер Скот но, Салваторе Камарано во драматуршката разработка на дејството воведува и други личности кои во делото на Скот не постојат.